Ekip
02 Јули 2022•Ажурирај: 03 Јули 2022
РАМАЛА (АА)- Палестинката Садија Фараџала (68) почина денес во израелски притвор, соопшти Здружението на палестински затвореници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фараџала, мајка на осум деца, почина во израелскиот затвор Дамон во близина на Хаифа, во северниот дел на Израел, информираше Здружението. Засега не се откриени околностите за нејзината смрт.
Фараџала во декември 2021 година е притворена од страна на израелските сили додека била во близина на џамијата Ибрахим во Хеброн.
Палестинската управа го смета Израел одговорен за смртта на Палестинката.
„Нејзината смрт е последна во серијата расистички злосторства извршени над нашите заточеници и затвореници“, рече Кадри Абу Бакер, шеф на палестинската Комисија за заточеници и затвореници.
Тој изјави дека молчењето на меѓународната заедница „ѝ овозможува на израелската окупација да изврши повеќе злосторства над нашите затвореници“.
Според палестинските податоци, најмалку 230 Палестинци починале додека биле во израелски притвор. Фараџала е една од 29-те жени кои биле затворени во споменатиот затвор.
Според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 4.600 Палестинци.