Fuat Kabakçı
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кина успешно лансираше уште два сателита кои во орбитата ќе се приклучат на нејзиниот Сателитски навигациски систем Беидоу (BDS), пренесува Anadolu Agency (AA).
Двата сателити се лансирани утринава со ракетата „Лонг Марш-2B“ од комплексот Шјичанг, кој се наоѓа во источната кинеска Покраина Сичуан.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека ракетата за малку повеќе од три часа стигнала на одредиштето во орбитата, со што семејството Лонг Марш ја остварило 269-та успешна мисија во вселената.
Лансираните сателити се придружија на кинескиот сателитски центар BDS, кој, исто така, ќе има вкупно осум активни сателити Беидоу-3B.
Ракетите и домашните сателити се од кинеско производство, а Кина од 2000 година со посредство на BDS дава независни услуги за сателитска навигација. Најавено е дека BDS од 2020 година ќе овозможи глобална услуга за навигација, и ќе има повеќе од 30 активни сателити.
Станува збор за навигациски сателитски систем кој се користи за потребите на навигациското насочување, мапирање, како и за метеоролошки, телекомуникациски и други потреби.