Associated Press
29 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ТОКИО
На брегот на мал остров во северниот дел на Јапонија пронајден е чамец со безживотни тела на неколку мажи, а се претпоставува дека станува збор за чамец од Северна Кореја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Уништениот чамец со лешови во фаза на распаѓање е пронајден на брегот на островот Садо.
Јапонската полиција соопшти дека службено е заведено дека во чамецот се пронајдени 7 човечки тела, а станува збор за три комплетни тела, две глави без тело и две тела без глави.
Станува збор за машки лешови и сè уште не е утврдено дали отсечените глави им припаѓаат на безглавите тела.
Јапонските медиуми јавуваат дека истрагата за случајот е во тек и оти се претпоставува дека станува збор за чамец од соседна Северна Кореја, со која Јапонија нема воспоставено дипломатски односи.