Dilara Zengin
10 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Социјалната мрежа „Твитер“ (Twitter) оствари приход од 3,7 милијарди долари во 2020 година, што е зголемување од 7% во споредба со 2019 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Твитер“ го објави билансот на состојба за четвртиот квартал во 2020 година.
Според извештајот, оваа компанија во последниот квартал од минатата година, во споредба со истиот квартал од претходната 2019 година, забележала раст од 28%, остварувајќи приход од 1,29 милијарди долари. Компанијата во 2019 година во четвртиот квартал оствари приход од 1 милијарда долари.
Приходите на „Твитер“ во 2020 година се зголемија за 7% во споредба со 2019 година, достигнувајќи 3,72 милијарди долари. Оваа социјална мрежа оствари приход од 3,45 милијарди долари во 2019 година.
Добивката на компанијата во последниот квартал од 2020 година е зголемена за 87% во споредба со истиот период од претходната 2019 година и изнесува 222 милиони долари. Добивката на Твитер во последниот квартал од 2019 година изнесуваше 118,7 милиони долари.
„Твитер“ во текот на 2020 година оствари загуба од 1,14 милијарди долари. Во 2019 година оваа компанија оствари добивка од 1,47 милијарди долари.
Од друга страна, бројот на активни корисници на дневно ниво на „Твитер“ во четвртиот квартал од минатата 2020 година се зголеми за 27% во споредба со истиот период од 2019 година и достигна 192 милиони.