Ekipa
21 Декември 2022•Ажурирај: 21 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот здравствен систем е во длабока криза. Болниците и детските клиники се преполни, има недостиг од антипиретици, лекови против болки и антибиотици, а сега има недостиг и од лекови за карцином, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Весникот „Билд“ објави дека во моментов има недостиг на калциум фолинат, особено кај пациентите со колоректален карцином.
„Ќе ни снема кон крајот на оваа недела. Како лекарите и фармацевтите може да одлучат кој пациент да ги добие последните лекови за карцином?“, праша фармацевт од источниот германски град Јена во покраината Тирингија.
Германското фармацевтско здружение „Фагро“ на својата веб-страница предупреди дека недостигот на залихи на одредени локации достигнал драматични размери.
Германскиот Федерален институт за лекови и медицински помагала (BfArM) во соопштението за јавноста, како причина за недостигот на лекови го наведе складирањето залихи од некои аптеки и трговци на големо.
„Како резултат на тоа, постои недостиг на лекови на други места“, велат од Институтот.
Друга причина е големиот број респираторни инфекции кај децата, што ја зголемува побарувачката на лекови.
Министерот за здравство, Карл Лаутербах, вчера ги претстави нацрт-реформите на синџирот на снабдување.
„Тие лекови за деца мораме да ги отстраниме од фиксните количества, за да не се продаваат и поскапо. На здравствените осигурителни компании им беше наложено да платат 50 отсто повеќе од оваа фиксна сума“, изјави Лаутербах во гостувањето на програмата на јавниот радиодифузен сервис АРД.
Основата на законот, меѓу другото, предвидува нови правила за цените за снабдувањето да биде економски поисплатливо за добавувачите.
Според Федералниот институт, во моментов има 330 извештаи за недостиг на препарати. Сепак, според Министерството за здравство, тоа автоматски не значи секогаш недостиг од снабдување.