Mehmet Hatipoğlu
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
КОМОТИНИ
Министерството за надворешни работи на Грција го осуди палењето на турското знаме за време на демонстрациите во Солун, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчкото МНР во врска со овој случај реагираше преку соопштение објавено на социјалната мрежа Твитер.
„Најостро осудуваме било каков чекор на навреда кон националниот симбол на било која земја, во случајот Турција“, се вели во соопштението на грчкото МНР.
Екстремно десничарска група во грчкиот град Солун вчера протестираше против отворањето на Големата џамија „Аја Софија“ (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi) за намаз, во текот на кои беше запалено знамето на Турција.