Hacer Başer
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
БЕЈРУТ
Гувернерот на Бејрут, Мерван Абдуд изјави дека стотици илјади лица кои морале да ги напуштат своите домови по вчерашната експлозија во пристаништето во Бејрут, нема да можат да се вратат пред два или три месеци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абдуд на прес-конференцијата изјави дека сеуште нема број за изчезнатите.
„Бејрут стана место на катастрофа. Половина град е срушен. Стотици илјади луѓе кои мораа да ги напуштат своите домови нема да можат да се вратат пред два или три месеци“, изјави Абдуд.
Абдуд претходно истакна дека штетата од експлозијата во пристаништето во тој либански град изнесува меѓу три и пет милијарди долари.
Експлозијата се случи вчера во пристаништето на Бејрут. Како известија медиумите во едно од складиштата најпрво избил пожар, а потоа следувала експлозијата која се слушна и во предградијата. На социјалните мрежи се објавени видео-снимки на кои може да се види дека се работи за силна експлозија.
Според најновите податоци кои ги објави Црвениот крст на Либан во експлозиајта загинаа најмалку 100, а повредени се 4.000 лица.