Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
АНКАРА
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, изјави дека анектирањето на Џаму и Кашмир не придонесува за мирот и стабилноста во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој зборуваше по повод првата годишнина од одлуката на Индија за одземање на седумдеценискиот полу-автономен статус на хималајскиот регион.
„Забележано е дека практиките спроведени во текот на минатата година - од отповикувањето на член 370 од индискиот устав кој му даде специјален статус на Џаму и Кашмир, уште повеќе ја искомплицираа ситуацијата во Џаму и Кашмир и не служеа за мирот и стабилноста во регионот “, рече Хами Аксој во изјавата.
Тој дополнително го повтори повикот на Турција за дијалог за решавање на прашањето под повелбите и резолуциите на ОН.
Територијата на Џаму и Кашмир по повеќе од половина век ја загуби автономијата и поделена е на два дела, откако Индија на 5 август го отповика членот 370.
Целата територија на 31 октомври официјално е поделена на две подрачја, на Џаму и Кашмир и на Ладак, врзани за централната индиска власт.
По оваа одлука индиските безбедносни сили ги интензивираа операциите за јавен ред во Џаму и Кашмир, зголемувајќи го притисокот врз народот, воведувајќи полициски час и забрани за интернет, телефон и транспорт.
Освен тоа, приведени се сите раководители и членови на политичките партии од целиот регион.
Од добивањето независност од Британија од 1947 година досега, Џаму и Кашмир имаше привилегиран статус со кој можеше да донесува сопствени закони.