Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, приложи извештај во кој наведува дека и покрај операциите на авганистанската Влада и меѓународните сили, терористичката организација ДЕАШ продолжува да зема замав во Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот што Гутереш го приложи пред Советот за безбедност на ОН се вели дека од средината на месец јули до почетокот на септември во Авганистан се спроведени 183 настани поврзани со ДЕАШ, при што посочи дека во истиот период во 2018 година имало 93 настани, и потенцира дека терористичката организација продолжила да собира моќ во Авганистан.
Гутереш истакна дека и покрај мировните преговори меѓу САД и талибанците, напорите со кои се зацврстува регионалното помирување по прашањето за дијалог и мир во Авганистан и постоењето можност наскоро да се започне со официјален мировен процес, мировниот процес треба „да се базира врз основа на широк консензус“, додавајќи дека тој процес треба да биде сеопфатен, самоодржувачки, заштитувајќи ги правата на сите Авганистанци.
Генералниот секретар на ОН Гутереш уште еднаш повика на директна средба меѓу Владата на Авганистан и талибанците.
Во извештајот Гутереш се осврна и на заканите насочени кон претседателсктие избори во Авганистан закажани за 28 септември, упатувајќи повик до талибанците и останатите терористички групи „да престанат да им се закануваат на службениците задолжени за изборите, кандидатите и избирачите“.
Американскиот претседател Доналд Трамп, започнатите мировни преговори меѓу САД и талибанците кои потоа се прекинати ги прокоментира како „мртви“.
Трамп, пред да замине за американската сојузна држава Северна Каролина, пред Белата куќа одржа прес-конференција на која за претходно дадената изјава во врска со преговорите меѓу САД и талибанците дека се прекинати, рече „Преговорите се мртви“.
Американскиот претседател изјави дека се запрени мировните преговори со талибанците поради последниот напад во Кабул во кој животот го загуби еден американски војник.
Покрај тоа, Трамп имаше изјавено дека е откажана и тајната средба која била планирана да се одржи претходниот ден во Кемп Дејвид меѓу претседателот на Авганистан, Ешреф Гани и некои талибански лидери.