Zehra Aydın
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,1 степен по Рихтер е забележан во Егејското Море, меѓу турскиот град Измир и грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Управата за катастрофи и ургентни состојби при Владата на Турција (AFAD), земјотресот се случил во попладневните часови, околу 8 километри од Ајваџик во Чанаккале и 74 од грчкиот Лезбос.
Земјотресот се случил на длабочина од 6,42 километри.