Ali H. M.Abo Rezeg
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Брод со 20 Палестинци отплови денес од пристаништето во Газа, во обид да ја пробие децениската израелска блокада на палестинскиот регион, јавува Anadolu Agency (AA).
На бродот пловат палестински активисти, дипломирани студенти, болни и ранети кои сакаат да се лекуваат во странство.
Во придружба на бродот се и неколку помали пловила кои ѝ се спротивставуваат на копнената и поморската блокада која од 2007 година ја доведе Газа до хуманитарна катастрофа.
Денешниот обид за мирно пробивање на израелската блокада е организиран на осумгодишнината од инцидентот „Мави Мармара“, во кој израелските сили убија девет турски активисти, а уште еден ранет активист од Турција почина четири години подоцна.