Ekip
12 Декември 2019•Ажурирај: 15 Декември 2019
ПАРИЗ (AA) - Во Франција и денеска продолжија протестите и штрајковите поради пензиските реформи кои администрацијата на претседателот на земјата, Емануел Макрон, има намера да ги воведе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Штрајкот на вработените во неколку сектори и протестите траат веќе осми ден. Илјадници граѓани со транспаренти во раце и денеска излегоа на улиците на француските градови, особено во Париз.
Поради штрајкот во последните денови доаѓа до доцнење во јавниот сообраќај. Во Париз секојдневно доаѓа до колапс во сообраќајот.
На протестите во Париз, кои ги поддржаа десетици илјади луѓе, во претходните денови дојде до судири на припадниците на безбедносните сили и демонстрантите.
Во интервенцијата на полицијата ранети се неколку фоторепортери, меѓу кои е и фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА), Мустафа Јалчин.