Emre Aytekin
12 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, изборот на 16-годишната активистка за климатски промени Грета Тунберг за „Личност на годината“ го опиша како „смешно“, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Трамп на својот личен профил на Твитер напиша: „Многу смешно. Грета прво треба да се справи со проблемот на самоконтрола на гневот, потоа со некој пријател треба да оди на некој добар стар филм. Смири се, Грета, смири се.“
По пораката на Трамп, Тунберг, од личниот профил на Твитер, одговори: „Адолесцентката која се справува со контролата на гневот во овој момент разговара со пријател и гледа добар стар филм. “
- Трамп реагираше и на изборот на Меркел
Оваа година и Трамп беше номиниран за „Личност на годината“ од магазинот „Тајм“.
Трамп реагираше и на тоа дека во 2015 година магазинот ја избра германската канцеларка Ангела Меркел за „Личност на годината“. Тогаш и тој се наоѓаше меѓу кандидатите. Трамп тврдеше дека Меркел „ја уништила Германија“.
Грета Тунберг во јавноста стана позната преку неделниот штрајк што го започна во своето училиште во Шведска за да го сврти вниманието за климатските промени. Штрајкот инспирираше слични акции во речиси 100 земји. Младата девојка од Шведска се најде на светскиот печат со своите говори на конференции и меѓународни состаноци во текот на 2019 година.
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, претходниот ден преку Твитер ја критикуваше Тунберг. Болсонаро реагираше на критиките на младата девојка во однос на уништувањето на шумите во Амазонија.
„Грета вели дека месните жители ги загубиле своите животи во одбраната на Амазонија. Навистина е импресивно што медиумите одвојуваат место за ваква девојка“, нагласи Болсонаро.