Nuri Aydın
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
ПЕКИНГ
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан, истакна дека повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, кој обезбедува контрола на оружјето со Русија, во иднина ќе ја загрози контролата на оружјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во главниот град Пекинг, Џао реагираше на повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, кој обезбедува контрола на вооружувањето со Русија.
Портпаролот Џао изјави дека потегот на САД да се повлечат од Договорот за отворено небо ќе има негативно влијание врз меѓународната контрола на оружјето и процесот на разоружување.
Посочувајќи дека наведениот чекор ја поткопува воената доверба и транспарентноста меѓу страните, Џао истакна дека овој чекор не е погоден за одржување на безбедноста и стабилноста во соодветните региони.
- Русија и САД се меѓу 34-те земји што го потпишаа Договорот
Американската администрација вчера соопшти дека ќе се повлече од Договорот за отворено небо, со кој се регулира контролата на оружјето со Русија.
Русија и Соединетите Американски Држави се меѓу 34-те земји кои го потпишаа Договорот за отворено небо. Потписник на Договорот е и Турција.
Кина не е меѓу страните во Договорот, но дозволи секоја земја да изврши увид во нејзините воени објекти.