Afra Aksoy
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
КАИРО (AA) - Унијата на арапските лекари предупреди дека епидемијата на колера во Јемен би можела да се претвори во хуманитарна катастрофа, јавува Anadolu Agency (AA).
Наведоа дека во таа земја е ограничен бројот на здравствени работници и дека е затворен голем број на болници. Поради тоа, истакнаа е влошена здравствената ситуација.
„Застрашувачки е зголемувањето на заболените од колера", истакнаа од УНИЦЕФ. Според нивните наводи, поради големиот број заболени, болниците не се во можност да ги исполнат сите потребни работи.
Од Светската здравствена организација (WHO) ја повикаа Арапската унија и арапските министерства за здравство итно да реагираат во спасувањето на илјада заболени граѓани во Јемен.
УНИЦЕФ вчера објави податок дека бројот на мртвите од последиците на колера во Јемен е зголемен на 209 а дека се заразени 17.200 лица.
Епидемијата зафати 16 провинции, вклучувајќи ја и Сана каде се забележани повеќе од 4.500 заразени лица.