Bayram Altuğ
08 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
САНА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) објави дека најмалку 789 лица починаа од епидемијата на колера што избувна во Јемен кон крајот на април, јавува Anadolu Agency (AA).
Јеменската канцеларија на СЗО преку објава на „Twiter“ (Твитер), соопшти дека од 27 април до денес, бројот на починатите од колера во 19 области во Јемен се искачи на 789.
Според соопштеното, во земјата се регистрирани повеќе од 101.800 сомнителни случаи на колера.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе 2 години, како резултат на немањето пристап до чиста вода, како и несобирањето на отпадот, секој ден се изложени на ризик да заболат од колера.