Zehra Nur Düz
10 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
АНКАРА
Либанската министерка за правда Мари-Клод Наџм поднесе оставка во услови на зголемениот гнев од страна на јавноста, по масовната експлозија што го погоди либанското пристаниште минатата недела, изјави извор за АА под услов да остане анонимен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оставката на министерката за правда се случи еден ден откако министерката за информации Манал Абдел Самад и министерот за животна средина Дамианос Катар поднесоа оставка.
По масовната експлозија оставка поднесоа и шест пратеници од 128 члениот либански парламент.
Две силни експлозии го потресоа пристаништето во Бејрут во вторникот, откако избувна пожар во магацин во којшто неправилно беа складирани 2.750 тони амониум нитрат.
Најмалку 158 лица загинаа, а околу 6.000 се повредени. Околу 300.000 луѓе останаа без покрив над главата.
Либан и пред оваа несреќа беше во криза, соочувајќи се со сериозни финансиски и економски проблеми и тековна длабока корупција
Изминатите две ноќи демонстрантите излегоа на улиците спроведувајќи насилни антивладини протести, упаѓајќи во службени згради и судирајќи се со полицијата.