Hamdi Yıldız
22 Јануари 2020•Ажурирај: 22 Јануари 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Владата на национално единство во Либија (УМХ) соопшти дека милицијата на водачот на илегалните вооружени сили, Калифа Хафтар, со ракети „Град“ го погоди аеродромот „Митига“ во Триполи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку писмено соопштение го потврди портпаролот на Владата на национално единство, Мухамед Кунуну.
Тој нагласи дека силите на Хафтар со шест ракети „Град“ го погодиле аеродромот „Митига“.
Кунуну истакна дека примирјето било прекршено повеќепати, и дека овој напад претставува отворена закана за воздухопловната навигација на овој аеродром.