Betül Yürük
12 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
ЊУЈОРК (АА) - Подигната е судска постапка против Елон Маск, извршниот директор на технолошката компанија за производство на вселенски шатл и ракети „Спејс икс“ (Space X), поради неговата „педофилска“ клевета, објавена на социјалните мрежи, упатена до британскиот нуркач Вернон Ансворт, кој беше дел од екипата која учествуваше во извлекувањето на 12-те деца и нивниот тренер заглавени во пештерата во Тајван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Судот во Лос Анџелес донесе одлука Маск да биде изведен пред суд поради неговите клевети за педофилија, упатени кон британскиот нуркач Вернон Ансворт.
Судот рочиштето го закажа за 22 октомври.
Маск, кој британскиот нуркач го обвини за „педофил“, подоцна на социјалната мрежа Твитер ја избриша споменатата објава и му се извини на Вернон Ансворт.
Нуркачот Ансворт во Лос Анџелес подигна судска постапка против Маск, барајќи отштета од најмалку 75.000 долари.