Ekip
31 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
БЕЈРУТ (АА) – Шиитскиот политичар Набих Бери денес по седми пат беше реизбран за претседател на либанскиот Парламент, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бери (84), претседател на Движењето Амал, беше единствениот кандидат за оваа позиција. Неговиот повторен избор беше поддржан со 65 гласа наспроти 23 во 128-члениот Парламент.
Повторниот избор на Бери беше поддржан од претставниците на групата Хезболах, Движењето Амал, Прогресивната социјалистичка партија предводена од Валид Џамблат и некои независни пратеници блиски до сојузот од 8 март.
Во 2018 година, Бери доби 98 гласови за функцијата.