Adam Abu-bashal
10 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
АБУЏА - Во северниот дел на западноафриканската држава Нигерија вооружени лица извршија напад во кој животот го загубија 23 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Самуел Аруван, комесарот за внатрешна безбедност и внатрешни работи на нигериската државата Кадуна, изјави дека засега неидентификувани вооружени напаѓачи извршиле напади во подрачјата Бирнин Гвари, Гива, Чикун, Игаби и Кауру.
Аруван информира дека во нападите животот го загубиле 23 лица, а има и голем број ранети.
Поради зголемениот број напади, Аруван соопшти дека во подрачјето се испратени поголем број безбедносни сили, додавајќи дека е започната истрага во врска со настанот.
- Забрането е користењето мотоцикл -
Поради зголемениот број на напади извршени со мотоцикл во последно време, во некои нигериски држави забрането е користењето мотоцикл.
Во регионот одвреме-навреме доаѓа до насилни судири меѓу племето Фулани кое се занимава со сточарство и земјоделците. Пред два дена, вооружени лица изведоа напад во кој беа убиени 19 лица.
Припадниците на племето Фулани кои мигрираат низ земјата со цел да ги пасат своите стада, тврдат дека земјоделците се обидуваат да им ја украдат стоката и изведуваат напади врз нив.