Murat Temizer
27 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
ВАРШАВА (АА) - Едно лице загина, додека двајца здравствени работници се повредени во пожарот што избувна во болница во градот Лоѓ во Полска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Новинската агенција на Полска (ПАП), пожарот избувнал доцна синоќа и предизвикал голема материјална штета.
Во пожарот почина 72-годишен пациент, додека најмалку двајца здравствени работници се повредени.
Од болничкото одделение зафатено со пожарот се евакуирани 40 пациенти.
Се истакнува дека во тек е истрагата за откривање на причините за пожарот, а се вели дека во моментов се сомнева дека е предизвикан од пациент кој пушел цигара.