Atila Altuntaş
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Полициската станица во квартот Росенгард во шведскиот град Малме беше цел на бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата на Малме се наведува дека е оштетена предната страна на зградата на полициската станица.
Освен тоа, нанесена им е значајна материјална штета на возилата што се наоѓаа пред станицата.
Во сооопштението се додава дека во нападот нема загинати, ниту ранети.
Покрената е истрага во врска со случајот.