Ekipa
14 Ноември 2021•Ажурирај: 15 Ноември 2021
ПОЛСКА (АА) - Полската полиција денес ги зајакна безбедносните мерки на границата со Белорусија, каде што и понатаму чекаат нерегуларните мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјите на Европската Унија што граничат со Белорусија, Литванија, Летонија и Полска, пријавија драматичен пораст на бројот на нерегуларни преминувања од август.
НАТО и ЕУ сметаат дека пристапот на Белорусија кон ситуацијата со мигрантите е обид за дестабилизација и поткопување на безбедноста на ЕУ преку невоени средства.
Според најновите податоци на Европската Унија (ЕУ), 7.935 лица се обиделе да влезат во Блокот преку границата на Белорусија со ЕУ досега оваа година, што е значително повеќе од само 150-те минатата година.
Во понеделникот, полските власти ја зајакнаа заштитата на границата и мобилизираа над 12.000 трупи откако голема група мигранти започнаа да се движат кон нејзината граница со Белорусија придружувани од белоруската војска.