Yusuf Hatip
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
БРИСЕЛ (AA) - Во Брисел, главниот град на Белгија, вчера е одржан протест против миграциската политика на Грција и Европската Унија (ЕУ), односно поради кршењето на меѓународното право и користењето несразмерна сила против мигрантите на граница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Околу 200 демонстранти и припадници на бројни невладини организации се собраа на плоштадот „Шуман“, каде што се наоѓаат институциите на ЕУ, и им пружија поддршка на мигрантите.
„Кое чудовиште може да ги затвори очите пред дете кое тоне“, „Отворете ги веднаш границите“, „Запрете го насилството“, беа само некои од транспарентите истакнати во текот на протестот, а можеа да се чујат и пароли како „Нашите врати се отворени за мигрантите“.
Собраните бараа реформа на политиката за миграции на ЕУ, а од Грција е побарано да го почитува правото на азил.
По бројните критики упатени на сметка на европските функционери, собраната група мирно се разотиде.