Cüneyt Karadağ
06 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
БЕРЛИН (АА) - Група граѓани во Берлин, главниот град на Германија, протестираа против Владата поради растот на цените на енергенсите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во демонстрациите пред зградата на Партијата на зелените, групата користеше транспаренти и слогани за да ги критикува владините политики што доведоа до зголемување на цените.
Речиси 800-тина собрани демонстранти под слоганот „Доста е - протест наместо замрзнување“ повикаа на законска горна граница на цените на природниот гас и електричната енергија, укинување на даноците за природниот гас и социјализација на енергетскиот сектор.