Dmitri Chirciu
16 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за решавањето на прашањето за Либија, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во сооппштението на Кремљ се наведува дека Путин и Меркел разговарале телефонски.
Двајцата лидери разговарале за решавањето на прашањето за Либија.
„За време на разговорот е нагласено дека е потребно да се спречи влошувањето на состојбата и да се воспостави мировен дијалог“, се наведува во соопштението.
Се додава и дека Путин потврдил оти Русија е подготвена да ги поддржи иницијативите на Германија и Обединетите нации (ОН), кога станува збор за улогата на посредници.
Разговарано е и за Самитот на лидери одржан минатата недела во Франција, на кој присуствуваа и челниците на Франција, Германија, Украина и Русија.
Кажано е дека за решавањето на кризата на источниот дел на Украина е неопходно да се имплементира Договорот од Минск.
Теми на разговорот биле и испраќање руски гас кон Европа и проектот за изградба на гасоводот „Северен тек 2“.