Büşra Selvi Öğütcen
08 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
АНКАРА (АА) - Главниот извршен директор на американскиот технолошки гигант, „Google“ (Гугл), Сундар Пичаи, реагираше против изјавите на инженер кој работи во компанијата, кои содржат полова дискриминација, јавува Anadolu Agency (AA)
Според веста на CNN (Си-ен-ен), во електронското писмо испратено до сите вработени, Пичаи истакнува дека инженер од компанијата ја „надминал границата“ со своите изрази дека: „Жените од биолошки аспект не се погодни за технички работи“, поради што овие зборови ги зголемуваат штетните полови предрасуди на работното место.
Пичаи нагласи дека нивната задача е да развијат прекрасни продукти за клиентите кои ќе создадат разноврсност во нивниот живот. Тој вели дека не е добро и соодветно да се кажува вакво нешто од страна на група колеги.
Главниот извршен директор на „Google“ соопшти дека поради овој случај ќе се врати од одмор, и ќе дискутира како да се создаде посеопфатна средина за сите вработени.
Тој истакна дека оваа полова дискриминација го прекршува кодексот на однесување на компанијата, но, како што рече, вработените кои не се согласуваат со ова мислење треба да го изразат своето мислење.
Дебатите за полова дискриминација во компанијата ги подели вработените во две групи.
Некои вработени од компанијата побараа инженерот да биде разрешен, додека други вработени велат дека секој е слободен да ги каже своите мислења.