Adham Kako
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави дека режимот на Башар ал Асад затворил 1.478 луѓе од почетокот на оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на СНХР се истакнува дека режимот на Асад од почетокот на оваа година во областите што ги контролира затворил вкупно 1.478 лица, од кои 71 дете и 90 жени.
Според извештајот, од затворените, 764 лица се насилно исчезнати и нивната судбина не е позната.
Режимот затвора најмногу луѓе од главниот град Дамаск и Алепо, а затвора и дел од бегалците кои се вратиле во своите земји.
Во извештајот се наведува дека некои од затворените се во роднински врски со опозиционерите, а некои од нив биле во години кога треба да служат војска.
Извори од опозицијата велат дека во моментов, во затворите и безбедносните оддели на режимот се наоѓаат најмалку 500.000 лица.