Erdoğan Çağatay Zontur
19 Февруари 2019•Ажурирај: 20 Февруари 2019
БРИСЕЛ (АА) - Свршеницата на саудискиот новинар, убиен минатата година во саудискиот Конзулат во Истанбул, денеска го посети Европскиот парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не сум тука само како свршеница на Џамал Кашоги, туку исто така и за вредностите за кои тој се бореше, вредносите кои ги сакаше за народот во неговата земја, народот на арапскиот свет“, изјави Хатиџе Џенгиз за време на нејзината посета во Брисел.
Таа додаде дека се надева оти нејзината посета ќе помогне во вршењето притисок за понатамошни санкции кон Саудиска Арабија, која призна дека Кашоги бил убиен во Конзулатот, но негира каква било официјална вмешаност. Меѓународните сили се скептични за саудиските тврдења.
На прес-конференцијата со Џенгиз, Пјер Антонио Панзери, италијанскиот европратеник, изјави дека бил решен да ги разјасни фактите за убиството, додавајќи: „Европскиот парламент не е задоволен од напредокот досега.“
Тој рече дека без оглед на трговските врски на Европа со Ријад, нема да дозволат Саудиска Арабија да се извлече со убиството на Кашоги.
Џамал Кашоги, саудиски новинар и колумнист на „Вашингтон пост“ (Washington Post), исчезна по влезот во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври 2018 година.
Откако на почетокот тврдеа дека го напуштил Конзулатот жив, саудиските власти неколку недели подоцна признаа дека бил убиен во зградата на Конзулатот.