Gökhan Kavak
01 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
МОГАДИШУ (АА) - Во операција која Сомалиската војска ја спроведе против терористичката организација Ал-Шабаб се убиени најмалку 20 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на Генералштабот на Сомалија, Одава Јусуф Рагех, во изјава за медиумите потврди дека операцијата против Ал-Шабаб е извршена во местото Хиран.
Рагех изјави дека во судирите кои следувале се убиени најмалку 20 припадници на терористичката организација Ал-Шабаб.
Сомалија е средиште на повеќедецениска политичка, хуманитна и безбедносна криза, а најголема безбедносна закана претставува терористичката група Ал-Шабаб која е огранок на Ал-Каеда.