Gözde Bayar
10 Декември 2022•Ажурирај: 12 Декември 2022
АНКАРА (АА) – Новиот извршен директор на Твитер, Илон Маск, објави серија твитови кои открија внатрешни фајлови на компанијата кои покажуваат дека „вработени активисти, без основа, го потиснувале и цензурирале“ поранешниот американски претседател Доналд Трамп во деновите пред изборите во 2020 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вчера, независниот новинар Мет Таиби објави: „Значењето е што тоа покажува дека Твитер, не само во 2020 година, вовел голем опсег на видливи и невидливи алатки за да го заузда ангажманот на Трамп, далеку пред 6 јануари. Забраната ќе дојде откако ќе се исцрпат останатите средства.“
Таиби наведува дека извршните директори, кои би можеле да бидат под притисок од федералните агенции, со кои се среќавале почесто како што одминувало времето, сè повеќе се бореле со правилата и почнале да говорат за „прекршувања“ како изговор да го направат она што и онака би го направиле.
Тој додаде дека до 8 јануари, Твитер добива пофалби во Вашингтон, а американскиот претседател повеќе нема да се чуе на платформата.
„Штом завршија со забраната за Трамп, извршните директори на Твитер почнаа со процесуирање нова моќ. Тие се подготвија да ги забранат идните претседатели и Белите куќи - можеби дури и Џо Бајден. „Новата администрација“, вели еден од директорите, „нема да биде суспендирана од Твитер освен ако е апсолутно неопходно“, додаде Таиби.
„Пред немирите, компанијата беше вклучена во инхерентно луд/невозможен проект, обидувајќи се да создаде збир на правила за регулирање на секоја замислива говорна ситуација што може да се појави меѓу луѓето“, рече тој.
Овој проект беше бесмислен, но неговите лидери не беа во можност да го видат ова, бидејќи беа заразени со групно размислување, верувајќи, искрено, дека одговорноста на Твитер е да контролира, колку што е можно повеќе, за што луѓето би можеле да разговараат, колку често и со кого.
Првиот сет документи ја детализираат одлуката на Твитер да ја ограничи веста на Њујорк пост од октомври 2020 година околу контроверзноста за лаптопот на Хантер Бајден.
Маск, кој го комплетира преземањето на Твитер во октомври, ја ретвитна објавата на Таиби, пишувајќи: „Фајловите на Твитер, Дел 3 за деплатформирање на претседателот“.
Изминатава недела, новинарите Бари Вајс и Мет Таиби споделија детали за дел од документите и своја анализа во двe поврзани објави на Твитер.
Нивното главно обвинување е дека Твитер одамна ги замолчува конзервативните или гласовите со спротивни мислења.
Откако го презеде Твитер во октомври, 51-годишниот милијардер од „Тесла“, Илон Маск, отпушти речиси половина од 8.000 вработени на компанијата, ги врати претходно забранетите профили на платформата, вклучително и оној на Трамп, и најави „амнестија“ за суспендираните профили што предизвика загриженост за пораст на дезинформациите и говорот на омраза.