Gökhan Ergöçün
18 Февруари 2020•Ажурирај: 20 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк изјави дека тимот на четвртата поларна експедиција пристигнал на Антарктикот за да спроведе научно истражување, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тимот, кој замина од Истанбул на 9 февруари, ќе спроведува едномесечно истражување на островот Хорсшу, каде што е основана привремената турска научна база“, изјави Варанк во соопштението за печатот издадено од Министерството.
„Нашиот тим од 24 членови ќе спроведе 15 проекти во неколку области, како што се науките за Земјата и водите, биологијата, хемијата, воздушниот простор и социјалните науки“, изјави Варанк.
„Тимот пристигна на Антарктикот преку Саун Пауло, Бразил, Сантјаго и Чиле“, изјави тој.
Турција започна со своето истражување на Антарктикот во 2016 година, со својата трета експедиција, што беше проследено и од репортерската екипа на АА во февруари 2019 година.