Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека бројот на повредени турски државјани во експлозијата во Бејрут се зголемил на шест лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер објави дека пет турски државјани се здобиле со полесни повреди, додека едно лице се опоравува од операција.
„Исто така сме во контакт со нивните семејства“, додаде Чавушоглу.
Тој исто така зборуваше со неговиот либански колега Чарбел Вехбе.
Според најновите податоци кои ги објави Црвениот крст на Либан во експлозиајта загинаа најмалку 100, а повредени се 4.000 лица.
Експлозијата вчера се случи во пристаништето на Бејрут. Како известија медиумите во едно од складиштата најпрво избил пожар, а потоа следувала експлозијата која се слушна и во предградијата. На социјалните мрежи се објавени видео-снимки на кои може да се види дека се работи за силна експлозија.
Соседните и регионални земји вклучувајќи ја и Турција изразија сочуство и понудија помош за Либан по експлозијата.