Atila Altuntaş
22 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Џамијата во шведскиот главен град Стокхолм, беше цел на расистички напад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Управата на џамијата се вели дека на влезот во молитвениот објект бил исцртан кукаст крст.
„Џематот е многу загрижен за ваквиот тип на напади. За жал, иако во неколку наврати бевме цел на расистички напади, Владата не презела никакви мерки против исламофобијата и говорот на омраза“, се вели во соопштението во кое се осудува нападот.
Шведската државна телевизија „СВТ“ соопшти дека џамијата во 2017 година, 22 пати била цел на расистички напади, а дури 23 пати само од почетокот на оваа година.