Esra Tekin
23 Февруари 2024•Ажурирај: 24 Февруари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, почнувајќи од утре ќе оствари официјална посета на Венецуела и Мексико, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Туркије.
Посетите следуваат по овонеделниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил, кој штотуку заврши, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„За време на посетите ќе се разговара за билатералните односи, како и за регионалните и меѓународните случувања“, се вели во ова соопштение.
На состанокот во Бразил, кој претседава со Г20 во 2024 година, се фокусираше на улогата на Г-20 во надминувањето на меѓународните предизвици и на реформите на глобалното владеење.