Emel Öz Gözellik
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
ГИНДА (AA) - Поради пожарот што ги зафати американските сојузни држави Калифорнија, Јута и Колорадо во западниот дел на САД се евакуирани граѓани од околу 1.000 куќи и станбени згради, јавува Anadolu Agency (AA).
Од пожарникарските единици на тоа подрачје е соопштено дека пожарот избил минатата недела во западниот дел на Калифорнија и дека продолжува да се шири.
Истакнаа дека гасењето на пожарот го отежнуваат ветерот, високите температури и сушата. Од пожарникарските единици потврдија дека морале да евакуираат околу 1.000 куќи и станбени објекти. Во гасењето на пожарот учествуваат авион, хеликоптер и булдожер.
Гувернерот на Јута, Гари Херберт, изјави дека пожарот избил во планинско подрачје и дека се оштетени 30 куќи.
Според него, пожарот зафатил подрачје од 122 километри квадратни. Херберт нагласи дека од тоа подрачје се евакуирани најмалку 200 куќи.
Тој потврди и дека на подрачјето на Колорадо биле сериозно оштетени најмалку 100 куќи. Властите предупредија дека е потребно да се евакуира населението од најмалку 2.500 куќи.
Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, изјави дека во тоа подрачје е прогласена вонредна состојба.
Во шумскиот пожар кој во 2015 година го зафати округот Лејк загинаа четири лица, а оштетени се околу 2.000 станбени објекти.