Hamdi Yıldız
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
МАРИБ (АА) - Во првата половина на 2018 година во Јемен врз претставниците на медиумите се извршени 100 одделни прекршувања на правото на слобода на печатот, како што се киднапирање, приведување, напади, убиства и попречување во работата, јавува Anadolu Agency (AA).
Синдикатот на новинари на Јемен подготви извештај во врска со прекршувањата на правото на слобода на печатот во земјата. Во извештајот се истакнува дека во првата половина од 2018 година животот го загубиле 5 новинари и се извршени 100 одделни прекршувања на правото на слобода врз преставниците на медиумите.
Во подготвениот извештај синдикатот наведува дека завојуваните страни во земјата на еден непријателски и агресивен начин отвориле систематска војна против слободата на медиумите и нивните средства за информирање.
Во извештајот се вели дека во првата половина од годинава се извршени 100 одделни прекршувања на правото на слобода на печатот, како што се киднапирање, приведување, напади, убиства и попречување во работата. Од овие прекршувања 47 % се прекршувања што ги извршиле претставници на безбедносните сили кои се поврзани со власта, додека 39 % од прекршувањата се извршени од страна на Хусите.
Во извештајот се наведува дека од 5-те убиени новинари, тројца се убиени од страна на Хусите, додека двајца новинари животот го загубиле во воздушните напади на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија.
Покрај тоа, во извештајот се истакнува дека од 2015 година досега, Хусите киднапирале 13 новинари, и се додава дека во периодот 2014-2018 животот го загубиле 27 новинари.