Abdullah Tevge
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа три натпревари од плејофот на американската Национална кошаркарска лига (НБА). Во Источната конференција Севентисиксерс го совлада Визардс со 120:95, а турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз за 16 минути на паркетот постигна 13 поени, 1 скок, давајќи го својот придонес во победата на својот тим, известува Агенција Анадолија (АА).
Најпрецизни кошаркари во редовите на Севентисиксерс беа Бен Симонс со 22 поени, 9 скока, 8 асистенции и Џоел Ембид со 22 поени, 7 скока, 3 асистенции.
Во редовите на Визардс најдобра игра прикажа Бредли Бил со постигнати 33 поени, 4 скока, 3 асистенции.
- Џа Морант со постигнати 47 поени се запиша во историјата на НБА
Во вториот натпревар од Источната конференција, Јута Џез со резултат 141:129 го совлада Мемфис Гризлис. На овој натпревар, Џа Морант, кошаркар на Гризлис, постигна 47 поени, 7 асистенции, 4 скока и стана вториот најмлад кошаркар во историјата на НБА кој успеал да постигне 45 и повеќе поени на еден натпревар од плејофот на НБА. Морант го постигна овој успех на возраст од 21 година, 289 дена, а на првото место се наоѓа Леброн Џејмс, кој постигна 45 поени на 3 мај 2006 година (на возраст од 21 година 124 дена).
Одличната игра на Џа Морант не беше доволна Гризлис да го избегне поразот од Џез, и сега резултатот во меѓусебните дуели е изедначен на 1:1.
Резултати
Филаделфија Севентисиксерс - Вашингтон Визардс 120:95 (2 - 0)
Њујорк Никс - Атланта Хоукс 101:92 (1 - 1)
Јута Џез - Мемфис Гризлис 141:129 (1 - 1)