Emre Doğan
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Анадолу Ефес од Турција, ЦСКА Москва од Русија, Армани Ексчејнџ Милан од Италија и Барселона од Шпанија ќе се борат за шампионската титула на Фајнлфор-турнирот на Европската лига што ќе започне утре во германскиот град Келн, известува Агенција Анадолија (АА).
Полуфиналните натпревари од Фајнлфорот на Евролигата ќе се играат во текот кон крајот на овој месец (28 мај). На средбата што започнува во 18:00 часот се среќаваат ЦСКА Москва - Анадолу Ефес, а во 21:00 часот се игра средбата Армани Eксчејнџ Милан - Барселона. Победниците од овие два натпревари ќе се сретнат во финалето в недела (30 мај). Средбата започнува во 20:30 часот. Двете поразени екипи од полуфиналето на фајнлфор ќе играат за третото место. Овој натпревар се игра исто така в недела, со почеток во 17:30 часот.
Екипата на Реал Мадрид, која оваа сезона беше елиминирана од Анадолу Ефес во плејоф-фазата и не избори пласман на Фајнлфор, досега десетпати ја освои шампионската титула на најпрестижното кошаркарско клупско натпреварување на Европа, „Куп 1“, кое започна во 1958 година.
Реал Мадрид е тим со најголем број освоени кошаркарски шампионати на Европа, и тоа во 1964, 1965, 1967, 1968, 1974, 1978, 1980, 1995, 2015 и 2018 година.
- ЦСКА Москва има освоено 8 титули
По Реал Мадрид најголем број шампионски титули во Европската кошаркарска лига има освоено ЦСКА Москва, која осумпати беше првак на Европа.
Руската екипа беше шампион на Европа во 1961, 1963, 1969, 1971, 2006, 2008, 2016 и 2019 година.
Грчкиот претставник Панатинаикос и израелскиот клуб Макаби Тел Авив освоија по шест шампионски титули. Италијанскиот претставник Варезе петпати го освои Кошаркарскиот клупски шампионат на Европа.
- Фенербахче е единствениот шампион од Турција
Екипата на Фенербахче, која оваа сезона беше елиминирана од ЦСКА Москва во баражот, е единствениот турски тим кој успеал да ја освои шампионската титула во Европската кошаркарска лига ТХЈ Евролига.
Фенербахче ја освои шампионската титула совладувајќи го грчкиот претставник Олимпијакос со 80:64 во финалето на Фајнлфор-турнирот за сезоната 2016/2017 што се одржа во Истанбул.
- Во 2001 година се одржаа две првенства
Поради спорот до кој дојде помеѓу Здружението на меѓународни кошаркарски федерации (ФИБА) и Здружението на европски кошаркарски лиги (УЛЕБ), во сезоната 2000/2001 година се одржаа два одделни турнири.
Таа сезона ФИБА го организира натпреварувањето Супролига со учество на 20 екипи, а УЛЕБ ја организира Европската лига во која учествуваа 24 екипи.
Макаби Тел Авив со победата над Панатинаикос со 81:67 во последниот натпревар на Фајнлфор-турнирот во Париз во Супролига, а Киндер Болоња, кој ја победи Тау Керамика со 3:2 во финалната серија од пет натпревари во Европската лига, ги понесоа шампионските титули таа сезона.