Alma Çekovic
21 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
МАНЧЕСТЕР
Шпанскот репрезентативец Давид де Хеа (28) ќе потпише нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед, врз основа на кој ќе стане најплатениот голман на светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што објави „Скај спортс“ („Sky Sports“), Де Хеа во Јунајтед би требало да заработува меѓу 390.000 и 420.000 евра неделно.
Моменталниот договор на шпанскиот голман истекува кон крајот на сезоната, а преговорите со клубот од „Олд Трафорд“ траат подолго од една година.
Де Хеа во Јунајтед дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година и четири пати беше прогласуван за најдобар играч на „црвените ѓаволи“.