Barış Seçkin
18 Јули 2019•Ажурирај: 20 Јули 2019
РИМ (АА) - Клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Јувентус, во своите редови го донесе холандскиот одбранбен играч Матајс де Лихт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, Јувентус постигна договор со холандскиот клуб Ajaкс за трансфер на 19-годишниот стопер.
Во соопштението се наведува дека договорот со младиот играч трае до 30 јуни 2024 година.
Во ова соопштение се нагласува дека Де Лихт со дресот на Ajaкс одиграл 117 натпревари и постигнал 13 погодоци.