Ekipa
18 Октомври 2018•Ажурирај: 19 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Истанбулското Републичко обвинителство соопшти дека продолжува со сета прецизност да спроведува сеопфатна истрага за исчезнатиот новинар од Саудиска Арабија, Џамал Кашоги, почитувајќи го меѓународното право, одредбите и постигнатите договори, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирфан Фидан, истанбулски републички обвинител даде писмено соопштение, во кое потсетува дека на 6 октомври судот издал соопштение, по тврдењата дека Џамал Кашоги, државјанин на Саудиска Арабија, е приведен во Амбасадата на истоимената држава по неговото влегување во неа на 2 октомври, во 13:14 часот.
Во соопштението се истакнува дека на 2 октомври, во 16:40 часот, во полициската станица во населбата Левент пријава поднела Хатиџе Џенгиз, по што Обвинителството веднаш започнало истрага, подвлекувајќи го следното: „Бидејќи настанот се случил во објект на дипломатска мисија, преку министерствата за правда и надворешни работи извршени се потребните преписки со одговорните претставници на Кралството Саудиска Арабија и поднесено е барање, со цел добивање дозвола за пребарување и истражување. Врз основа на ова барање, надлежните органи на Саудиска Арабија, на 15 октомври соопштија дека се дозволува спроведување истрага.
„Истанбулскиот Кривичен суд започна судска постапка, издавајќи налог за преглед, пребарување и конфискација. Тим под раководство на еден републички обвинител и еден републички судија, одредени од страна на Републичкото обвинителство, на местото на настанот започнаа да го прегледуваат и пребаруваат објектот на Конзулатот и конзуларните возила“, се вели во соопштението.
Понатаму се наведува: „Во врска со истрагата и испитувањето се водат и други правни процеси, при што со сета прецизност продолжува да се спроведува сеопфатната истрага, почитувајќи го меѓународното право/практики, одредбите и постигнатите договори. Во текот на истрагата, доколку тоа биде потребно, јавноста ќе биде известувана за напредокот од секоја фаза на истрагата од страна на Републичкото обвинителство“.