Sena Güler
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со официјална церемонија одржана во Анкара денес го пречека катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ал Тани допатува во Анкара за да присуствува на шестиот состанок на Турско-катарскиот врховен стратешки совет.
Тој е дочекан на церемонијата во Претседателската палата во Анкара.
По состанокот, ќе биде одржан и состанок на делегациите, а треба да се одржи и церемонија на потпишување на документи од неколку области.
На церемонијата на пречек присуствуваа министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерката за трговија, Рухсар Пекџан, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, шефот на Директоратот за комуникации Фахретин Алтун, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, гувернерот на Анкара Васип Шахин и градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш.
Анкара и Доха имаат силни врски, особено од блокадата која Саудиска Арабија и другите земји ја воведоа на Катар во 2017 година.
Двете земји ги зацврстија и воените и економски односи во изминатите неколку години.