Muhammed Nuri Erdoğan
26 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди турската област Маниса, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди турската Дирекција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД).
Во соопштението се нагласува дека епицентарот на земјотресот бил во подрачјето на Саруханли во Маниса.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,5 степени се случил денеска во 10:21 часот по локално време.
Според соопштеното, земјотресот се случил на длабочина од 9,29 километри.