Orhan Onur Gemici
26 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ТУНЏЕЛИ
Најмалку тројца припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во операција на истокот на Турција, а меѓу нив е и еден од најбараните терористи, Осман Ислејен, јавува Агенција Аандолија (АА).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека операцијата е спроведена во местото Оваџик, недалеку од турскиот град Тунџели, а припадниците на специјалната единица на турската жандармерија, со поддршка на воздушните сили, неутрализираа најмалку тројца терористи на ПКК.
Се наведува исто така дека еден од убиените терористи е Осман Ислејен, а станува збор за припадник на ПКК кој се наоѓа на сивата листа на барани терористи во Турција и го користел кодното име „Аргес“, а за кого била распишана и награда во вредност од 500.000 турски лири.
Антитерористичката операција во регионот продолжува.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.