Fatih Hafız Mehmet
18 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на кабинетот на турскиот претседател денес изјави дека чекорите преземени од страна на Турција за заштита на нејзината национална безбедност, со сигурност не се потези против сириските Курди, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи пред новинарите во Истанбул, Ибрахим Калин изјави дека Турција без ничија дозвола ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на нејзината национална безбедност.
„Сакам уште еднаш да нагласам дека чекорите кои Турција ги презема за заштита на нејзината национална безбедност во Африн, Мунбич, Џарабулус или на други места во Сирија, дефинитивно не претставуваат потег против сириските Курди“, истакна Калин.
По седуммесечната успешна офанзива на Турцијаво северна Сирија, насловена „Штитот на Еуфрат“, во голема мера се очекува и операцијата за Африн.
Режимот на Асад го предаде Африн на терористите на ПЈД/ПКК без никаква борба, а според информациите добиени од новинарите на АА, во моментот во областа се наоѓаат околу 8 000 до 10 000 терористи.
Откако Турција предупреди за нивното присуство во Африн, терористите сега се кријат во тамошните засолништа во населените подрачја.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.