Kemal Zorlak
26 Мај 2020•Ажурирано: 27 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Истанбулскиот мореуз Босфор кој го раздвојува европскиот од азискиот дел на Турција и го поврзува Мраморното и Црното море, ја промени својата боја во тиркизна, што ги загрижи но и без сомнеж ги воодушеви граѓаните на Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фоторепортерот на АА со дрон ги забележа фотографиите на мореузот, на кои преминот меѓу двата континенти може да се види во преубава тиркизна боја.
Промената на бојата на морето во тиркизна се случувало и порано, последен пат во 2017 година.

Експертите сметаат дека постојат повеќе фактори кои можат да влијаат на промената на бојата на морето, а еден од нив се однесува на перспективата на сончевата светлина.
Се наведува исто така дека е можно да се работи за т.н. „планктонска експлозија“ односно пораст на бројот на планктони, микроскопски ситни растителни и животински организми кои престојуваат во морето или копнените води.