Diyar Güldoğan
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба (МИТ) неутрализира висока терористка на ПКК во северна Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сихам Мислих, со кодно име „Мизгин Кобани“, е неутрализирана во операција на Националната разузнавачка служба (МИТ), соопштија изворите.
Мислих е една од високите терористи на ЈПГ/ПКК во подрачјето на Ајн Иса, една од планерите на терористички акти против турските безбедносни сили во регионот на операцијата „Извор на мирот“.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.