Hülya Ömür Uylaş
03 Септември 2023•Ажурирај: 05 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, заедно со Селчук Бајрактар, претседателот на Фондацијата Т3, која е организатор на настанот за технологија и аеровоздухопловство во Туркије, ТЕХНОФЕСТ, го посети штандот на Анадолу.
Бајрактар рече дека Анадолу е партнер на настанот од неговото прво издание во 2018 година. „Се трудиме да дадеме сé од себе, да придонесеме нешто од себе, вие [вработените на Анадолу] исто така давате сé од себе“, рече тој.
„Сакам да ви изразам искрена благодарност што сте сопственик и партнер на ТЕХНОФЕСТ, каде што се гради иднината на Туркије, каде што ќе се појават нешта кои ќе остават наш печат во светот во високата технологија, и во чии рамки се одржуваат десетици натпревари“, додаде Бајрактар.
Министерот за правда, Тунч, го пофали ТЕХНОФЕСТ и рече дека е настан на кој е горд.
Тој истакна дека производите изложени на настанот ја докажуваат светлата иднина на Туркије во одбранбената индустрија.
ТЕХНОФЕСТ, петдневниот фестивал во главниот град Анкара, нуди широк спектар на атракции, меѓу кои и аерошоуа, натпревари, работилници и изложби. Фестивалот завршува денес.